Гумите за џвакање, не само што може да ни даваат свеж здив, туку може да ни помогнат и да се откажеме од цигарите, да ни го подобрат помнењето, па можат дури и да помогаат да се ослободите од вишокот килограми.
Бројните истражувања покажале дека гумите за џвакање помагаат при неконтролираниот налет на глад, го регулираат самото чувство на глад и на тој начин учествуваат во губењето на непотребните килограми.
Но, сепак, немојте да мислите дека џвакањето на неколку гуми во текот на денот е доволно за непотребните килограми да се стопат сами по себе. Неколку истражувања докажале дека гумите за џвакање имаат учество во самиот процес на губење на непотребните килограми, но самотоа нема да нè доведе до некое радикално губење на килограмите, доколку сами не се придржуваме на здрав начин на исхрана и се занимаваме со физички активности.
Најдобри се гумите без шеќер – една гума содржи помалку од 5 калории, а доколку таа е со шеќер содржи 10 калории.
Позитивни ефекти на гумите за џвакање врз губењето на килограмите
Истражувањата покажале дека особите кои обожуваат да џвакаат гуми, внесуваат дури 68 калории помалку за време на ручекот. Гумите исто така помогнале испитаниците да се отпорни на налетот на глад, како и да ја избегнат многу калоричната храна. Врв на сè, особите кои џвакале гуми успеале да согорат дури и 5% повеќе калории. Уште едно истражување спроведено на Државниот институт Лузијана во САД, открило дека гумите за џвакање се од голема помош при контролирање на апетитот, поради тоа што намалување на дневниот внес на калории и самите налети на глад.
Доколку со џвакањето гуми намалете 50 калории дневно, тогаш потрудете се да внесете некои мали измени во својот животен стил – преминете на помалку масно млеко или занимавајте се со некоја физичка активност, бидејќи на тој начин ќе успеете да намалите дури 100 калории на дневно ниво.
Веројатно најголемата придобивка на гумите за џвакање лежи во тоа што секогаш кога ќе посегнете по својот џеб, таму ќе наидете на нова гума за џвакање, а нема да најдете некоја крофна или чоколадо, кои се преполни со калории. А доколку ја замените кесата чипс или некои слични грицки, и тоа само еднаш неделно, на годишно ниво можете да изгубите дури и 2 килограми.
Лоши страни
Сепак, тоа што мора секогаш да го имате на ум, е дека гумите за џвакање можат да помогнат во намерата за намалување на калориите и избегнување на калоричните грицки, но, сепак не треба да претерувате.
Имено, голем број од гумите кои се без шеќер во себе, содржат нискокалорични засладувач – сорбитол. Оваа супстанца е шеќерен алкохол, кој тенкото црево тешко го апсорбира и има лаксативно дејство. Едно од истражувањата објавено во Британската медицинска студија, наведува случаи на хронична дијареа, болки и необјасниво губење на килорамите, по претераното консумирање на гумите за џвакање кои во себе содржат сорбитол.
Совет
Немојте да претерате и да гледајте на гумите за џвакање без шеќер како на додатно орудие во борбата против непотребните килограми – туку како средство кое што Вам ќе ви помогне да ја контролирате гладта и да ги намалите бројот на калориите во организмот.
