Мојата кујна

Дали хранливите материи се уништуваат при готвењето?

Експертите кои тврдат дека свежата храна е подобра за организмот, како главен аргумент го истакнуваат фактот дека со готвењето се уништуваат голем број хранливи материи потребни за организмот. Дали тоа е навистина точно? 

Можеби ќе ви звучи чудно, но никој во минатото не ја отворил оваа тема, ниту сметал дека е од голема важност, за тоа колку витамините се унишуваат при термичко преработување на храната. Но, актуелни истражувања го поништуваат овој аргумент, така што потврдено е дека готвениот зеленчук не само што не ги губи значително состојките од неговата претходна состојба, туку дури е во предност! 

Италијанските научници направиле истражување, при кое тие готвеле морков, тиква и брокули, а притоа мерејќи ја количината на витаминот Ц, глукозата и другите хранливи материи. Забележале дека се губи значително витаминот Ц, но останатите состојки ја задржуваат истата количина. 

Од ова може да се заклучи дека готвениот зеленчук содржи потполно задоволувачки количини на хранливи и здрави материи. Останува на вас, како ќе одлучите да ја припремате храната.

Write A Comment