Motherhood

Дали лидерите се создаваат или раѓаат?

Според искуството, луѓето кое се занимаваат со овие проблеми, за да ја дознаат успешноста на семинарот, раководството мора да го поделат во групи и тоа според класичната корпоративна пирамида. Горните заземаат 20%, средниот слој на раководството (20 до 80%) и долните 20%.

Најпознатата група е всушност средната група, раководството и шефовите кои не се “доволно високо”, барем гледано преку нивните очи. Овие луѓе се дистанцирани од “обичните работници” и знаат дека напредувањето нема да им донесе друштвена непопуларност. Но припадниците на оваа група често имаат погрешни мотиви за напредување: помалку работа (повторно гледано од нивна перспектива), подобар статус (презентиран низ службен автомобил, мобилен, канцеларија..) и секако платата.

Многу е важно да ги издвоите ваквите луѓе од останатото раководство, бидејќи често се случува тие да покажат одличн резултати, но со првиот скок ќе се покаже нивното вистинско лице. Ова е дефинитивно вистински пример како власта и позицијата можат да ја уништат личноста.

Во најниската група, значи оние 20% од остатокот на раководството, се наоѓаат луѓе кои се поврзани со работничката класа, а и многу често доаѓаат од неа. Најчесто станува збор за мотивирани и амбициозни луѓе кои сакаат да покажат дека со својата работа можат да дојдат на повисоко ниво.

Но тука постои многу едноставен проблем. Веќе споменатата друштвена непопуларност може одличниот работник потполно да го уништи. Имено, со самиот скок од работничка во управничка класа, нивните досегашни пријатели ќе започнат да ги гледаат под око. Сепак, со понатамошните чекори во кариерата може да започнат да им се умилуваат на шефовите, па така, и самите ќе престанат да веруваат во сопствените квалитети и да размислуваат дека им се допаѓаат на нивните шефови, па сега се заштитена врста.

Сето ова наведено, и уште многу, треба да се земе во предвид кога се бираат луѓе за едукација и усовршување, особено кога во прашање е раководоството. Најлошо од се е, тоа што сите кои работат со едуцирање и унапредување на луѓето, не знаат со кого работат, се до моментот кога тие луѓе ќе ја почувствуваат власта.

Write A Comment