Брзо слабеење – дали е можно и дали е сигурно? Разледани се некои работи, кои треба да ги имате на ум доколку се обидете да ги изгубите непотребни килограми за кратко време, и тоа на природен и здрав начин.
Ваши очекувања
Здравјето секогаш треба да ни биде главен приоритет. Тоа значи дека доколку сакате да изгубите одредена телесна тежина за кратко време, треба тоа да го направите на начин кој нема да биде штетен за Вашето тело. Најдобар начин за тоа е да имате реални очекувања пред да започнете со диетите и вежбањето.
Важно е да останете урамнотежени и да не бидете опседнати со губењето на килограмите. Пребрзото губење на тежината може да ви го забави телесниот метаболизам, што може да предизвика многу несакани последици. Значи, имајте реална перспектива на Вашите напори да ослабете или сами себе ќе се саботирате.
Пијте повеќе вода
Еден од најдобрите совети за брзо губење на тежината, е дека мора да пиете многу вода. Правите голема грешка ако мислите дека водата можат да ја заменат спортските, млечните или останатите пијалоци. Тие пијалоци содржат голем број калории, што Вам нема да ви помогнат да ја изгубите тежината. Водата нема калории, така што можете да ја пиете кога и да посакате. Исто така, внесот на вода во одредена мера ќе го намали Вашиот апетит.
Избегнувајте ги едноставните јаглехидрати
Едноставните јаглехидратите, кои се наоѓаат во лебот и шеќерот, треба да ги избегнувате доколку сакате да ја изгубите тежината. Консумирањето на едноставните јаглехидрати го зголемува нивото на шеќер во крвта, што ја зголемува количината на шеќер која се претвора во маст.
Вежбање
Убедливо најважниот дел на брзото губење на килограмите е вежбањето. Што повеќе вежбате, повеќе калории ќе согорите. Најдобри се кардиоваскуларните вежби, како што се трчање, пливање или возење на велосипед.
Кога е вежбањето во прашање, многу е важно да не претерувате, бидејќи може да предизвикате повреда. Важно е да се сконцентрирате и да ги работите вежби на правилен начин. Секоја успешна сеанса на вежбање ќе ве мотивира и понатака да вежбате.
Забелешка: пред секоја телесна активност треба да се загреете, а доколку осетите болки или вртоглавица престанете со вежбите.
