Prison brake

Дали постои добар начин да признаеш неверство?

Се зависи колку сте заљубени еден во друг и дали има простор за разбирање. Иако пораката е веќе јасна, некој од некого е презаситен. Не зависно од тоа еве како да признаете неверство и да се молите партнерот да ви прости 🙂

  • Бидете искрени – Еднаш кога ќе одлучите да признаете, бидете искрени. Кога се случило, дали се случило еднаш или неколку пати, со која сте изневерувале. Дајте искрени одговори колку и да боли, вистината е најдобар избор ако сакате да ви прости. Со лажење ќе ја влошите ситуацијата особено ако во иднина се открие дека не сте биле целосно искрени.
  • Бидете директни – Кога ќе одлучите да го признаете неверството, бидете директни. Со заобиколување ништо нема да постигнете, освен што ќе ја зголемите тензијата и нервозата. Сте згрешиле, а кога веќе одлучувате да признаете, направете го тоа внимателно, но директно – не бидете кукавица.
  • Бидете смирени – Кога сте одлучиле да признаете дека сте биле неверни, најважно е да останете смирени. Заборавете на хистерија, цимолење или плачење. Сте згрешиле и време е тоа да го признаете.
  • Избегнувајте јавни места – Погрешно е да се надевате дека реакцијата на вашата партнерка ќе биде воздржана ако вистината се одлучите да ја соопштите на јавно место. Дури и ако успее да ја исконтролира, постои голема можност во моментите кога ќе останете сами, смиреноста да исчезне. Тоа е ваша приватна работа и најдобро е да разговарате во приватност.
  • Времето е клучно – Никогаш не можете со сигурност да знаете како некој ќе реагира на вашето признание. Можеби нема да сака никогаш да ве види, а можеби на саканата личност ќе ѝ биде потребно време да размисли и да одлучи дали сака да продолжи со врската. Колку и да ви е тешко, треба да имате разбирање и трпение.

Напиши коментар