Убавина

Дали сакате струк или намалување на тежината?

Да имате видлив струк ви е поважно отколку да изгубите брдо килограми. Ова го покажало едно истражување за атрактивност на женското тело пред и после пластична операција на корегирање на стомачното сало. Без оглед на тежината, оние со струк се фатални. Што ја чини женската фигура најатрактивна – обемот на струкот или вкупната тежина? Корисниците на услугата пластична хирургија докажале дека струкот е пресуден.

Devendra Singh, психолог на универзитетот во Тексас во Остин, снимила 15 жени пред и по операција на која масното ткиво од струкот се повлекува на задникот, значи нема отстранување туку само мало прераспоредување на масно ткиво.

Потоа е побарано од група мажи и жени да ги оценат фотографиите. Десет пациенти, 3 месеци после операција добиле на тежина и потоа се фотографирани,а 5 дури ослабнале.

Во секој случај, губиток на масно ткиво на струкот донел додатни бодови, без оглед на вкупната тежина. Релативно тенок струк сигнализира младост и плодност, смета Singh.

Напиши коментар