Убавина

Дали шеќерните пијалоци не дебелеат?

Новите истражувања од страна на Универзитетот од Единбург покажува дека шеќерните напивки, консумирани во умерени количини, не го потпомагаат здебелувањето, желбата за јаглехидрати и немаат штетно дејство на расположението на особите со прекумерна тежина, кога тие не знаат што точно пијат.

Главните експерт на ова истражување Марија Реид, Ричард Хамерслеј и нивните колеги сакале да ги утврдат долгорочните ефекти на прехрамбениот внес и расположение, со додавањето на сахарозни пијалоци во исхраната на особите со прекумерна тежина (BMI 25-30). Резултатите покажуваат дека особите со прекумерна телесна тежина не се подложни на негативни влијанија, како што се дебелеење или промена на расположението, ако при тоа не знаат дали пијат слатки или вештачко засладени пијалоци. Наместо тоа, особите консумирале помалку калории од другите оброци,па така ги урамнотежиле калориите во целиот оброк.

Овие резултати покажале дека луѓето се однесуваат во линија со верувањето дека шеќерните пијалоци се лошиот дел од исхраната, па ги избегнуваат. Професорот по психологија Марие Рејд заклучува: “Распространетото верување околу наведените штетни последици од страна шеќерот, предизвикува логичен ефект. Поради тоа што луѓето веруваат дека шеќерот е штетен, па тој кај нив поттикнува негативни емоции веднаш штом изедат некој вид на храна, па тоа доведува до логични апстиненции кон тие производи.”

Умереното консумирање на шеќер игра неутрална улога во урамнотежената исхрана, но затоа игра емоцијонално зголемена улога во психологијата на избор на храната”, додава експертот.

Во истражувањето биле вклучени 53 особи со прекумерна тежина. Во текот на истражувањето е забележувано што јаделе, пиеле и колку тие вежбале, а во исто време особите воделе дневник, за своите активности, расположенија и исхрана. Секој ден испитаниците консумирале 8 шишенца неидентификун пијалок, едната група добивала сахарозен пијалок, а другата група пијалок со апсартам (вметнат засладувач).

А спроведено е и новото итражување под “палката” на Д-р Реид, кои се надоврзуваат на старите истражувања, само што овде се вклучени особи со нормална тежина. Резултатите од ова истражување, ги образложува оние од претходните студии и покажуваат дека особите го намалиле својот доброволен внес на енергија кога сахарозните пијалоци се додадени во исхраната. До послениот ден на истражувањето, особите го намалиле својот вкупен енергетски внес назад на почетната тежина.

Напиши коментар