man fashion

Дали тесните фармерки се безбедни

“Ниските фармерки може да предизвикаат неплодност бидејќи го намалуваат бројот на сперматозоиди. Тестисите се тријат со телото, а со тоа се подигнува нивната температура – ова е причина за намалување на бројот на сперматозоидите. Така што, ако сакате да ја избегнете неплодноста – не носете вакви фармерки“, препорачуваат уролозите.

Споменатиот модел на фармерки го обожаваат бројни машки ѕвезди меѓу кои е и актерот Расел Бренд и Џад Лоу. Иако се популарни, експертите предупредуваат дека овие фармерки може да го ослабнат мочниот меур и да предизвикаат деформирање на тестисите, па дури и инфекции на уринарниот тракт.

Експертите тврдат дека делот околу машките препони мора да биде доволно простран, за мажите да се чувствуваат пријатно, а не стегнато. Панталоните не смеат да ограничуваат на никаков начин. Тесните фармерки се навистина опасни за здравјето, особено ако се носат подолг период.

 

Напиши коментар