Многу жени имаат проблем со изборот на боја за коса. Погрешната боја за коса може да ве направи да изгледате постаро, бледо, и комплетно да го уништи вашиот изглед.
Еве неколку совети како да ја одберете вистинската боја за коса:
Ако имате природно смеѓа, пепеласто плава коса, а очите ви се кафени, одберете боја на коса со ладни тонови: црна, темно кафе, или ледено плава. Избегавајте: златна, жолта, и бронзени нијанси тие ќе направат да изгледате уморно и исцрпено.
Ако имате природно црвенкаста, златно смеѓа или златно плава боја на коса и очите ви се зелени или кафени најдобро ќе ви прилега јако црвена, топли смеѓи тонови и бакарни нијанси. Избегнувајте: пепеласти тонови бидејќи ќе изгледате сосема невпечатливо.
Колку темна или светла боја?
Ако косата сами ја фарбате дома запамтете дека најдобро ќе биде да изберете боја која е за две до три нијанси посветла или потемна за да ја добиете посакуваната боја. Кога фарбате седа коса секогаш е најдобро да ја одберете бојата која сте ја имале природна некогаш.