Здраво тело

Дали знаете доволно за фосворот во нашето тело?

До недостиг на фосфор може да дојде во случај на: намалено внесување или апсорпција на храната – гладување (или изразен катаболизам, изгореници), парантерална исхрана, алкохолизам(придружен со хиномагнезиемија), малапсорпционен синдром,бајпас на тенкото црево ,алуминиум-хидроксид и бикарбонатите ја блокираат апсорпцијата на фосфор  недостиг на витамин Д хиперкалцемија, хиномагнезиемија…

Причини за хиперфосфатемија ендокрини заболувања-акромегалија, хипопаратиреоидизам и псеудохипопаратиреоидизам (недостиг на калциум), потоа бубрежни заболувања-хронична и акутна ренална инсуфиенција, засилен катаболизам-стрес, повреди, хемиотерапија,хипервитаминоза Д  и  лаксативи кои содржат  фосфор. Апсорпцијата на фосфор ја помагаат: витамините А, Д, Ф, калциумот, железото, манганот и белковините. Апсорпцијата на фосфорот ја одмогнуваат: алуминиум и ексцсивно внесување на магнезиум, железо и бел шеќер.

Неопходен е за нормална структура на коските и забите. Фосфорот со калциумот учествува во процесот на минерализација. Ниацинот неможе да се асимилира без фосфор. Фосфорот е суштински важен за нормално функционирање на бубрезите. Потребен е за пренос на нервните импулси. Обезбедува енергија и сила така што помага во метаболизмот на мастите и на скробот. Помага во одржување на здравјето на забите и непцата.

Write A Comment