Во еден европски град се наоѓа улицата со највисоко ниво на токсини во светот…
Лондонската шопинг зона има највиско ниво на токсичен азот-диоксид!
Како што пренесува Indipendent, мониторите кои научниците ги поставиле на улицата Oksford, покажале дека количината на загаденост го достигнала својот врв на околу 463 микрограми на метар кубен, а просечниот износ на загадувачки материи од почетокот на годината била околу 135 – три пати повеќе отколку што дозволува ЕУ. Научникот Дејвид Карсло изјавил дека концентрацијата на азот-диоксид во таа улица е највисока во светот.
Автобусите, такси возилата се најмногу виновни за оваа ситуација!
Поради оваа ситуација трговците го молат градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, да го растерети сообраќајниот метеж. Градското собрание најави дека ќе го намали бројот на автобуси во познатиот Oksford Street, за петтина…
Улицата Oksford е една од најпрометните во Европа. Иако загадена, таа е рај за љубителите на шопинг од целиот свет.
