Motherhood

Дали знаете кои реченици ќе ви го променат животот?

Во секојдневната потрага на пари и други материјални нешта заборавивме што навистина значи да се живее. Додека ние трчаме по парите животот во главно поминува покрај нас. Ви пренесуваме неколку реченици за кои се надеваме дека ќе го променат вашиот поглед на животот.

Животот се сведува на општа потера. Од раното детство до староста трчаме по пари или други материјални нешта. На крајот, најчесто ја губиме таа трка, а кога ќе погледнеме назад се прашуваме што сме згрешиле и што можевме да направиме поинаку.

  1. Луѓето околу вас не се ваши непријатели, тие се само фокусирани на самите себе.
  2. Освојувајте планини (висини) не само за да ве види светот, туку за да можете вие да го видите светот.
  3. Повеќе ќе научите од неуспехот, отколку од успехот. Не дозволувајте тоа да ве спречи, бидејќи неуспехот го гради карактерот.
  4. Најопасниот ризик од сите е да го поминете животот работејќи го она што не го сакате, мислејќи дека за тоа подоцна ќе бидете во можност да си ја купите слободата и конечно да го правите она што го сакате.
  5. Личноста со која во животот ќе поминете најмногу време сте вие самите и затоа направете да бидете што поинтересни.
  6. Ако ги прифатите своите ограничувања, можете да ги надминете.
  7. Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Не трае ни туширањето, но се препорачува еднаш дневно.
  8. Сите што ќе ги сретнете се плашат од нешто, нешто сакаат и нешто изгубиле.
  9. Удобноста е непријател на достигнувањето.

Write A Comment