Art & Crafts

Дали знаете колку се валкани парите и дека од нив може да се разболете?

Монетите во просек содржат повеќе бактерии отколку што содржи даската на wc школката, но и покрај тоа што две третини од луѓето во светот се свесни за тоа, многу мал број од нив ги мие рацете после ракување со пари.

Експерите тврдат дека просечната банкнота или монета во Европа на себе содржи повеќе од 26.000 колонии на бактерии, а највалканите пари се во Велика Британија, Данска, Русија и Австрија.

Иако две третини од луѓето мислат дека парите се буквално валкани, голема студија спроведена од страна на MasterCard со над 9000 луѓе во 12 европски земји, покажува дека секој петти човек ги мие рацете по користење.

Исто така, истражувањата покажале дека жените почесто ги мијат рацете од мажите после ракување со пари.

Минатата недела британската влада најави воведување на пластични новчаници кои треба да бидат отпорни на нечистотија од хартиените и металните.

Полимер банкноти за прв пат биле претставени во Австралија уште во 1988. година, а оттогаш се користат во уште 20 земји во светот.

 

Write A Comment