Здраво тело

Дали знаете во која позиција е најздраво да спиете?

Некој сака да спие на грб, некој на стомак, некој свиткан, некој истегнат…Меѓутоа, за нашето тело спиењето на страна е најздраво.

Искривеното тело во текот на спиењето може да предизвика стрес, но и напрегнатост на ‘рбетот , вратот, рамената, колковите, па дури и вилицата. Експертите советуват дека за време на изборот на позите за спиење треба да имате на ум три криви на телото – долниот дел на грбот, средината на грбот и околу вратот, треба да имате за цел да го задржите природниот облик на ‘рбетот за време на спиењето.
Спиењето на стомак е лошо за здравјето, бидејќи може да доведе до дегенерација на ‘рбетниот столб. Проблем е тоа што во оваа поза премногу се затегнати лигаментите и мускулите околу ‘рбетот и се создава притисок врз нервите во рацете, што може да предизвика вкочанетост во текот на следниот ден.

Покрај тоа, оваа позиција не е препорачлива, бидејќи тежината на телото ги притиска белите дробови, што пречи на длабок циклус на издишување и вдишување, а со тоа, непотребно се притискаат градите.

Кога станува збор за спиење на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да падне наназад и да го блокира каналот на дишните патишта, па ова поза не е особено добра особено за луѓето кои страдаат од апнеја. Исто така, оние кои спијат на грб може да имаат проблеми со ‘рчење.

Foto-ilustracija: Profimedia

Лицата со болно срце, одредени болести на дишните органи, глауком или поедини стомачни заболувања можат да имаат корист од оваа поза, ако лежењето на грб го заменат со полулежечка позиција и со перница под половината.

Спиењето на страна експерите го сметаат за најдобра позиција за спиење, бидејќи тоа се вклопува во природното искривување на половината. Позицијата може да се подобри за да биде поудобна и тоа со поставување перница меѓу колената, бидејќи на тој начин ќе бидат релаксирани и колковите.

За поддршка на главата се препорачува средно висока перница, а може и “водена” која едноставно се прилагодува. Ако лицето има висок крвен притисок, лекарите препорачуваат да се спие на лева страна, а ако има камен во бубрезите, треба да спие на десна страна.

Напиши коментар