Модните трендови постојано се менуваат, а со нив и модните вкусови на познатите личности. Најновите трендови доаѓаат токму од стиловите на ѕвездите. Во последните неколку месеци Ким Кардашијан демонстрираше еден доста различен и стилски начин на облекување во споредба со минатата година. Таа се потпира на чиста силуета, малку додатоци, природна шминка и невнимателна фризура.
Ни се допаѓа овој минималистички приод кој го избра идната сопруга на Кание Вест. Според нејзините фанови Кание многу придонесе за нејзината “нова” визија, а според нас нејзината промена може да се должи и на мајчинството, што изгледа многу добро и се одразува.
Често ја гледаме со здолниште тип молив, кое ги нагласува нејзините задни делови од телото во комбинација со краток топ, задолжително високи потпетици и совршено стилизирана фризура, поделена на патец.
Ким се труди секогаш да биде на врвот на модата, дури и во секојдневниот живот. Само пред неколку дена таа блесна со целосно бела тоалета во Лос Анџелес.
Доколку ви се допаѓа стилот на Ким и вие можете да ја постигнете нејзината визија и тоа со помал буџет, ако побарате поевтини копии на оваа гардероба од други брендови.