Всушност да имаш добар деловен стил на облекување, значи дека знаеш како да се представиш себе си, тоа е една од водечките карактеристики за професионализам. Многу жени си го нарушуваат угледот и успехот облекувајќи се без стил и старомодно. Со несоодветна гардероба и збунет изглед, само ќе го потврдите впечатокот дека не можете да се справувате со одговорностите и притисокот на работното место.
Добриот деловен стил на облекување е инвестиција во професионалниот развој. Ова примете го како неопходност а не како екстраваганција.
Еве неколку конкретни совети за деловниот стил на облекување:
Современиот деловен стил на облекување остава впечаток на сила и на самоувереност. Важно е да се покаже индивидуализам, но без ништо екстравагантно и кич. Правилниот начин да ја изразиш својата личност е да додадеш ефектни и впечатливи детали. Изборот на деловна облека зависи од дрес кодот на фирмата. Ако нема таков може да се пројави повеќе фантазија и индивидуалност но без да се нарушат основните правила. Здолништата се со должина околу коленото, висок струк, чиста силуета.
Кај пантолоните не препорачуваме кроеви кои ве оцртуваат. Високиот струк повторно е во мода, како и послободната силуета со италијански џеб. Типичното машко сако и правите панталони се налагаат како водечка тенденција во деловниот стил. Тенденциите за дезените се еднобојни материјали во пастелни тонови и дискретни штампи на кошулите. За аксесоарите важи правилото: “Без излишна екстравагантност!” Актуелни се големите чанти во кои има место и за лаптопот.
Изборот на боја влијае на личниот и бизнис впечатокот. Класичното црно и темно сино се секогаш елегантни и шик и секако добар избор. Темно зелената е многу модерна, ги потенцира предностите на карактерот и стимулира успешна тимска работа. Белото внесува впечаток на прецизност и точност во бизнис комуникациите но е добро да се избегнува вечерно време. Жолтата боја има моќ на истакнување, но се препорачува да ја избегнувате по време на одговорни деловни состаноци и јавни настапи. Истово се однесува и за останатите јарки бои.
