Непријатната кашлица е многу честа во овој дел од годината, но постои лек кој се крие во вашиот дом. Дознајте како да ја излечите кашлицата и како на телото да му ја вратите потребната енергија.
Потребно ви е:
* 6 листови од ловор
* 2,5дл вода
* 6 лажици шеќер (најдобро е да користите кафеав)
* 1 лимон
Постапка:
Ставете ја водата во сад да зоврие. Додадете ги ловоровите листови и варете во затворен сад од 6-10 минути.
Извадете ги листовите, ставете во сад во кој ќе го подготвувате лекот и додадете шеќер и еден исцеден лимон. Добро измешајте и почекајте шеќерот да се стопи. Земајте по едно лажиче неколку пати во текот на денот.
Напомена:
Лекот можете да го чувате во фрижидер неколку дена.
Може да го користите топол или ладен.
