Убавина

Депилација со маслиново масло

Кажете им збогум на мозолчиња после бричењете, и секогаш имајте мазна и мека кожа! Многу жени веќе го испробаа овој трик, па зошто да не и вие!

Дали некогаш сте размислувале да ја замените пената за бричење со маслиново масло? Звучи интересно, нели? Така ќе ги избегнете стандардните проблеми со кои се соочуваат жените кои се бричат, како црвени точки и сува кожа, бидејќи маслиновото масло ја храни и негува кожата.

По туширање, мала количина на маслиново масло втријте го во областа на кожата што ќе сакате да ја бричите. Исто така и сечилото потопете го во масло, а потоа, со нежни потези, избричете се на вообичаениот начин.

После бричењето со помош на маслиново масло, нема да ви треба никаков лосион за после бричење, бидејќи кожата ќе биде влажна и добро нахранета со витамин Е. Ако мислите дека вашата кожа не е доволно влажна, можете слободно да додадете уште еден слој на маслиново масло.

Некои дури и препорачуваат по употребата, жилетот повторно го натопите во масло и на тој начин ќе му го продолжите животниот век.

Write A Comment