Истражувањето спроведено од бритнските научници од Универзитетот во Лондон покажало дека масната храна поттикнува депресија. Исто така истражувањето покажало и дека консумирањето на големи количини свежо овошје и свеж зеленчук, како и риба може да ја спречи депресивната состојба.
Во експериментот учествувале две групи луѓе, од кои едната консумирале природна храна, а другата група консумирале индустриска храна. Заклучено е дека кај онаа група која се хранеле со природни намирници, ризикот од депресивна состојба бил за 26% помал отколку кај групата која консумирала индустриска храна кај кои ризикот за појава на депресивна состојба изнесувал дури 58%.
Авторите на ова истражување исто така наведуваат дека таа појава може да се објасни со присуството на големи количини антиоксиданси во овошјето и зеленчукот, кои делуваат заштитно.
Покрај тоа, високото ниво на незаситените масни киселини кои се наоѓаат во рибите, кои ја стимулират целебралната активност, исто така можат да делуваат превентивно против депресија.
