Мојата кујна

Десерт без јајца, путер, млеко и валкани садови!

Делува неверојатно, но овој десерт е фантастично вкусен, но и многу практичен.

Иако сте скептични, дајте и шанса на оваа торта. Секако дека можете да експериментирате со вкусовите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1/2 шоља брашно

* 3 лажици какао

* 1 шоља шеќер

* 1 лажиче сода бикарбона

* ½ лажиче сол

* 1 лажиче оцет

* 1 лажиче екстракт од ванила (или малку ликер од мента или кафе)

* 5 лажици масло

* 1 шоља вода

Šašava čokoladna torta

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Земете плех во кој ќе ја печете тортата и во него ставете гим петте први суви состојки. Се измешајте а потоа потоа направете три вдлабнатинки, две помали и едно поголемо. Во едната вдлабнатинка ставете го оцетот, а во другата екстрактот од ванила, во третата маслото. Врз сето тоа ставете ја водата. Се измешајте со лажица. Печете на 200 степени околу половина час.

Доколку сакате, тортата премачкајте ја со нутела или шлаг.

Пријатно и уживајте!

Напиши коментар