Мојата кујна

Десерт на кој е невозможно да му одолеете: Пржен сладолед

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500гр сладолед по желба

* 50гр остро брашно

* 1 јајце

* 50гр презла

* 200мл слатка павлака

* овошје за сервирање на сладоледот (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Со лажица за сладолед обликувајте топчиња од замрзнат сладолед. Вратете ги повтроно во замрзнувачот. Таквите, добро, добро змарзнати топчиња, валкајте ги во брашно, потоа во разматено јајце и на крајот во презла. Повторно ставете ги во замрзнувач, додека чекате длабокото масло за пржење да се загрее. Ставете ги топчињата во маслото на кратко, колку да поруменат,но не и да се растопат.

Пржениот сладолед служете го со шлаг од слатка павлака и ситно исецкани банани и јагоди.

Уживајте!

Write A Comment