Здраво тело

Десет намирници кои спречуваат главоболка

Ова се десет намирници кои ја псречуваат главоболката, а исто така и ја намалуваат доколку се појави.

Јогурт – ја спречува појавата на главоболка заради големото количество на калциум.

Вода – најделотворното и најефтиното средство за спречување на главоболка. Ако сте дехидрирани голема е веројатноста да ве боли глава. Следниот пат кога ќе почувствувате симпотоми дека главата ве заболува напијте се чаша вода.

Јаткасти плодови – тие се многу богати со магнезиум, кој ги опушта крвите садови и ја намалуваат напнатоста во пределот на главата.

Спанаќ – ако ве боли глава само изедете една чинија чорба од спанаќ и болката ќе исчезне.

Авокадо – намирниците богати со магнезиум се препорачуваат на оние кои патат од мигрена. Јадете авокадо бидејќи во него има голема количина на магнезиум.

Јаболки – истражувањата докажаа дека јаболките го намалуваат крвниот притисок, што исто така ја намалува главоболката.

Компир – богат е со калиум, кој е многу ефикасен во намалување на главоболката. Ако наутро се разбудите со главоболка за да не ви биде тешко од компир изедете една банана, која исто така е многу богата со калиум.

Кафе – една шолја кафе може да ви помогне да ја надминете главоболката. Кофеинот делува слично како магнезиумот. Но, покрај кафето не заборавајте да испиете и една чаша вода.

Лимонада – при јака главоболка напијте се една чаша лимонада во која ќе ставите прстофат сол.

Лута храна – чили, лута пиперка исто така ја намалуваат главоболката.

Write A Comment