Доктор Пјер Дукан е автор на една од најпознатите диети од која ослабеа и се доведоа во одлична форма многу од познатите личности.
Тајната на Дукановата диета е во разновидноста на исхраната. Драстична промена на килограмите се чувствува дури во втората фаза од диетата, кога оние кои ја практикуваат ќе научат да ги раздвојуваат и комбинираат намирниците и што е најважно ќе ја совладаат количината на внесување на храната.
Првата фаза според оваа диета трае само два дена. Тогаш се јаде месо, основа на сите следни фази. Втората фаза трае три месеци кога се јаде месо во комбинација со зеленчук, свеж или варен. Во оваа фаза се губат и до 10 кг. Внимавајте на начинот на кој го подготвувате месото. Избегнувајте да јадете месо кое е припремено со многу масло.
Најчувствителна фаза е онаа кога ќе се потрошат сите резерви и ќе посегнете по храна, но внимавајте да не се вратите на старите навики. Трудот ќе пропадне во вода.
