Мојата кујна

Диетални компирчиња од рерна…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 поголеми компири

* 4 лажички презла

* Половина лажичка бел лук во прав

* Половина лажичка сушено оригано

* Половина лажичка чили пиперки во прав

* Свеж мелен бибер

* Морска сол, по вкус

* 2 белки

* Малку маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измијте го компирот, излупете го и сечете го на поголеми парчиња и добро протапкајте го во чиста кујнска крпа, за да биде сув. Во поголем сад, помешајте ја презлата со другите состојки. Во друг сат, изматете ги белките и во нив го извалајте го компирот, а потоа истото направете го со смесата со презла. На плехот, ставете масло и хартија за печење и наредете го компирот. Печете 30 минути на температура од 200 степени или додека не добие златножолта боја и не стане крцкав.

Напомена: Една ваква порција содржи 173 калории, 1 грам масти ( 0 грама незаситени масти ), 36 грама јаглехидрати, 3 грама влакна и 6 грама протеини.

Напиши коментар