Од модната куќа на Christian Dior ни пораќуваат “Високите потпетици одговараат не се” и навистина е така!
Престижната модна куќа Dior, ја претстави кампањата за колекцијата на чевли Dior Cruise 2014 која ја сочинуваат модерни и носиви модели, кои може да се искористат и за дневен и за вечерен аутфит.
Dior потпетиците имаат женствени облини и направени се од луксузен материјал. Со цел да ја нагласат женската фигура во секој аутфит, дизајнерите додаваат доза на луксуз и елеганција.
Новата Cruise колекција на чевли, е богата со интересни модели во јаки бои, кои со сигурност наскоро ќе ги гледаме на нозете на славните трендсетерки.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()

