Bridal

Дaли сте спремни за втор брак?

Паровите во вториот брак се посреќни, поисполнети, а процентот на развод на “поправниот” брак е многу помал. Причината за тоа е возраста, претходното љубовно искуство и по реалните ставови за животот, покажало британското истражу7вање.

Според статистиката, шансите вториот брак да се заврши со развод изнесуваат 31%, додека во првиот брак веројатноста за неуспех е 45%. Истражувањето покажло дека многу поголеми шанси за пронаоѓање среќа во вториот брак имаат разведените мажи.

“Генерално, вторите бракови се по успешни, бидејќи партнерите се често позрели, и промислено влегуваат во брак. Исто така поради поранешното искуство и нивните очекувања се пореални” , вели еден од истражувачите Хари Бенсон.

Write A Comment