Недостаток на витаминот Д е поврзан со значајно поголем ризок од кардиоваскуларните болести, мозочен удар и смртност воопшто, покажа една американска студија.
Во едногодишното истражување учествуваа 27.686 особи постари од 50 години кои предходно имале кардиоваскуларни заболувања.
Студијата покажала дека особите со ниско ниво на витамин Д во крвта имаат 77% поголем ризик од смрт отколку особите кои имаат нормално ниво на витамин Д.
Оние кај кои е измерено значајно намалено ниво на витамин Д имале за 45% поголем ризик да добјат коронарна болест и 78% поголем ризик за мозочен удар, во споредба со луѓето кај кои нивото на витаминот Д е во границата на нормала.
“Заклучивме дека кај луѓето постари од 50 години, кои имаат и само умерен недостаток на витамин Д, се изложени на зголемена опасност на развој на коронарните болести, срцеви инсуфициенци со мозочен удар и со зголемена стапка на смртност”, истакнала Хајди Меј, еден од авторите на студијата.
Хајди Меј, која е епидемиолог во институтот за кардиологија при Клиничкиот центар Интермоунтајн во Солт Лејк Сити, истакнува дека резултатите од нивната студијата се изненадуачки и значајни, бидејќи со тоа би можело на некој начин да се контролира витаминот Д, со што би се намалил ризикот од кардиоваскуларните болести, кои се водечки причинители на смртта во САД.
Истражувањата покажале дека витаминот Д има улога во бројни биолошки функции, меѓу кои се артерискиот притисок и контрола на нивото на глукоза во крвта, што се значајни фактори за ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Затоа што и оваа студија, како и некои предходно е заснована единствено на опсервација, не може со сигурност да се заклучи дека недостатокот од витаминот Д е директно поврзан со ризикот од кардиоваскуларните болести.
“Мислиме дека резултатите на оваа студија се доволни да ги оправдаат клиничките истражувања, во кои на пациентите кои што имаат недостаток од витаминот Д, тој ќе им биде даван дополнително, така што со сигурност би се утврдило дали таквиот пристап може да го намали ризикот од срцеви зболувања или мозочен удар”, истакна брент Мулештајн, директор на институтот за кардиоваскуларни истражувања во медицинскиот центар од Сојт Лејк Сити.
Поминувајте повеќе време на сонце.
Витминот Д не е многу присутен во секојдневната исхрана, каде што во значајна количина се наоѓа во црниот дроб на некои риби како што е бакаларот. Главен извор на витаминот Д е изложувањето на сонце, со што и се овозможува на кожата да го синтетизира.
Новите научни сознанија, до некаде ги истакнуваат вообичаените преупредувања дека подолго изложување, а поготово на силно сонце може да е многу опасно.
Некои истражувања докажуваат дека сончевата светлина го одржува нашето здравје, така што телото произведува доста витамин Д кој не штити од многу болести и забоувања како што се рак и срцеви болести, мултиплекс склероза, реума и дијабетес.
Многу експерти се убедени во моќта на дејствувањето на витаминот Д, па препорачуваат подолго поминување на сонце, а исто така витаминот Д да се консумира и преку додатни препарати, затоа што во храната која ја консумираме го има во многу мала количина