Ако имате сува, испукана кожа на рацете, направете го овој домашен балсам. Ефектот е одличен: за 3-4 дена кожата на рацете ќе стане мека, еластична, а испуканата кожа ќе ја снема за 3-4 дена.
Во 1 литар топла вода растворете 2 лажици сол. Во овој раствор држете ги рацете 10 минути. Не ги бришете, само благо со пешкир впијте ја влагата. Потоа на рацете нанесете балсам.
Домашен балсам за испукани раце со подмладувачки ефект. Рецепт.
За подготовка на овој балсам измешајте ги следните состојки:
* 2 свежи жолчки
* 2 лажици мед
* 2 лажици масло ( маслиново, бадемово, ленено)
Така намачканите раце држете ги 20 минути. Потоа измијте ги со вода и намачкајте ги со крема. Балсамот можете да го користите 2-3 пати на ден. Рокот на траење – 5 ден (во фрижидер). Потоа можете да направите нова смеса. Резултатите ќе бидат видливи по неколку дена.
