Art & Crafts

Домашен крем за раце

Ние сме секогаш на страна на природната козметика зошто веруваме дека нема ништо подобро за кожата од домашните препарати кои се без хемикалии. Денес ќе ви покажеме како се прави крем за раце во домашни услови.

Потребни намирници:

–        4 лажици бадемово масло,

–        3 лажици пчелин восок,

–        4 лажици кокосово масло или путер,

–        6 лажици глицерин,

–        6 капки масло од лаванда,

Изрендајте го пчелиниот восок и измешајте го со бадемовото и кокосовото масло. После тоа загрејте ја смесата на пареа до добивање на течна смеса. Мешајте добро и капка по капка додадете го и глицеринот. Тргнете го садот од оган и мешајте додека не ја добие потребната густина за крем. Додадете го маслото од лаванда, измешајте и префрлете ја смесата во стаклена тегличка. Кремот се чува на ладно.

Напиши коментар