Состојки:
За смесата со амарант:
300 мл вода
100 гр амарант
За тесто:
150 гр меко брашно
150 гр тврдо брашно
2 лажички сол
1 сув квасец
50 мл вода
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Во вода што врие додадете амарант и оставете да се готви покриен со капак на ниска температура 20 минути. Повремено мешајте. По 20 минути тргнете го од шпорет и оставете го на страна 10 минути за да набабри амарантот и да се подолади.
За да нарасне тестото, измешајте ги двата вида на брашо, сол и сув квасец. Додадете вода, маслиново масло и млаката смеса со амарант. Измешајте ги состојките со најниска брзина на миксер, а потоа со највисока околу 5 минути дидека тестото не стане мазно. Изронете брашно на тестото и покриено оставете го на топло за да нарасне.
Откако тестото ќе нарасне, преместете го на површина наросена со брашно. Разделете го тестото на 4 дела и од секој дел обликувајте во цилиндрична форма од 28 см со тенки краеви. Лебовите ставете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте со вода и испрскајте со брашно. Оставете уште 20 минути на топло прекриени со крпа.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Лебовите засечете ги со нож по средината во длабочина околу 1-2 см. Ставете ги во загреаната рерна и печете така 10 минути. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете го лебот уште 25 минути.