Домашниот лосион од магдонос ќе ви помогне да ја избелите и да ја исчистите кожата на лицето. Ќе ја ослободи вашата кожа од пигментните флеки и пеги и ќе и го врати здравиот тен. Овој лосион исто така одлично го отстранува црвенилото на кожата и ја штити од појава на брчки. Одличен е и за нега на чувствителното подрачје околу очите. Помага во елиминирање на акни и митисери. Можете само да го подготвите и да го користите секојдневно за нега на лицето.
Домашен лосион од магдонос. За нега на мрсна и комбинирана кожа на лицето. Рецепт.
* 2 лажици исецкан свеж (или сув) магдонос полиете со 200мл врела вода и варете го на тивок оган 15 минути.
* Отстранете го од огнот и оставете да с излади. Исцедете го и додадете 1 лажиче сок од лимон или јаболков оцет.
* Користете го лосионот за кожата на лицето наутро и навечер.
Чувајте го во фрижидер 5-6 дена. Потоа направете нова доза.
Доколку сакате да се ослободите од подочниците и црвенилото, подгответе го истиот лосион, но без да додавате лимонов сок. Натопете памук во лосионот и ставајте на очите наутро и навечер оставајќи да делува 5 минути.
https://www.youtube.com/watch?v=yFiF7t22kwY
