За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле уште нашите предци кои го користеле за лечење на многу кожни болести.
Ловоровиот лист против акни и бубулици е природен антисептик, кој овозможува чистење и дезинфекција на кожата.
Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини, кои и овозможуваат одредено делување на бубулиците и на целиот организам во целост.
Помага во елиминација на бактерии, го намалува воспалението, предизвикано од акни и бубуљици.
-Ловоровиот лист го подобрува тонусот на кожата, има ефект на хидратација.
-Ги лечи раните на кожата и содржи имуностимулационо делување, благодарејќи на кое се нормализира работата на сите органи.
-го подобрува варењето, го смирува нервниот систем, лечи од заболување на зглобови и наслаги од сол.
Во домашни услови можете да направите лосион за проблематична кожа на лицето, кој е мошне ефикасен во борбата со акните и бубуљиците.
Ви предлагаме 2 рецепти,
Ефикасен лосион за акни и бубулици
За подготовка на овој лосион ке ви бидат потребни 3-4 листа ловор (сув) и чаша вода (200мл)
-Ловоровиот лист полијте го со вода и ставете го на шпорет, да проврие.
-Намалете ја јачината на шпоретот и варете уште 5-7 минути.
-Изладете го и ставете го во однапред припремено шише.
Овој лосион може да се користи за секојдневно бришење на лицето, наутро и навечер.Се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.
Втор рецепт за лосион од ловоров лист
-Однапред издробените листови од ловор (сув) , се полеваат со ракија или медицински алкохол (52%) во сооднос 1:1.
-Оставете го да одстои на собна температура 5-6 дена.
Потоа лосионот е спремен за користење. Овој домашен лосион за бришење се користи секој втор ден, наутро и навечер.
Не само што помага за елиминација и воспалителниот процес, туку е мошне ефикасен и во борбата со пигментните флеки, и со самото тоа го израмнува тенот.
