Здраво тело

Домашен сируп од смокви против настинки и кашлица

Смоквите се често употребувани во народната медицина поради своите лековити својства. Уште во древноста плодот од смоквата бил особено ценет и употребуван како храна што го зајакнува имунитетот.

Смоквите се препорачуваат при лечење на астма, кашлица и настинка.

За целта ви се потребни 2-3 смокви кои се поливаат со чаша млеко и се варат на слаб оган додека растворот не добие кафејава боја. Течноста се пие и се јаде од сварените смокви по 2-3 пати дневно помеѓу оброци. Овој природен лек не само што ја смирува досадната кашлица, но и го зајакнува имуниот систем на болниот.

Write A Comment