За да подобрите крвната слика, потребно е да го конзумирате овој сируп два пати годишно. Доколку немате сила, време е да ја проверите крвната слика. Но пред да отидете на лекар, пробајте на овој природен начин да ја подобрите крвната слика.
Подгответе го овој сируп.
Состојки:
1кг цвекло
1/2кг моркови
сок од еден лимон
2-3 портокали
2 кисели јаболка
една тегличка мед
Подготовка:
Цвеклото, морковите и јаболките со кората, исечете ги на ситни парчиња, ставете ги во соковник и направете сок. Од лимонот и портокалите рачно исцедете сок и измешате го со претходниот. На крајот додадете го медот. Измешајте добро, додека медот не се соедини со сокот. Готовиот сирупставете го во стаклена тегла. Ќе добиете околу 1,5 или 2 литри сируп, кој е доволен за 15-20 дена. Од сирупот пијте секое утро на празен стомак.
