Постои една елементарна маска за лице, која има неверојатно многу позитивно дејство. Со неа ќе ја исчистите кожата во длабочина, ќе ги отстраните црните точки, ќе ги стегнете порите, па дури и ќе го израмните тенот на лицето.
Погледнете како да си ја подготвите оваа домашна пилонг маска со јајце…
Многу е лесно! За почеток ќе ви бидат потребни едно јајце и салфетка.
А еве и како да продолжите:
Одвојте ја белката од жолчката и изматате ја добро белката, но без да користите миксер, за да не стане како снег.
Потоа нанесете половина од неа на лицето. Најдобро користете четка за максимално да си олесните.
Одозгора ставете салфетка, оставајќи дупки за носот, устата, а може и за очите.
Потоа намачкајте ја салфетката со останатиот дел од белката.
Почекајте маската да се исуши, насојувајте да не зборувате.
Конечно, одлепете ја салфетката движејќи ја раката одоздола нагоре.
И тоа е тоа! Ќе видите колку мека и мазна ќе стане вашата кожа. Само останува да нанесете хидратантен крем.
