Убавина

Домашна смеса за лекување на белези од акни

Ако сте загрижени за белезите од акни, дамки или осип на кожата, тогаш лесно ќе се справите со сите проблеми само со маска од мед и цимет. Ќе постигнете исклучително добра состојба на кожата на лицето само со овие две состојки, ако направите курс на лекување од 15 процедури.

За да си ја подготвите оваа едноставна, но чудотворна маска, имате потреба единствено од ½ лажичка цимет (во прав), 1 лажичка мед и ½ лажичка растително масло (само ако кожата не ви е сува).

Измешајте ги заедно и намачкајте го лицето со подготвената смеса. Нормално е да почувствувате затоплување, благодарение на затоплувачките својства на циметот. Можете да се измиете со топла вода по 15-20 минути.

Продолжете да ја правите маската 2 пати неделно во продолжение од 2 месеци.

Ако имате чувствителна кожа, намалете ја содржината на циметот.

За да заличите белези от акне или старчески петна, направете 15 процедури с мед и канела

Write A Comment