ПОТЕРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 парчиња телешко месо со коскио
* 3 моркови
* 2 компира
* 1 кромид
* 1 лук
* неколку зрна бибер
* сол, мелен бибер и вегета
* лист магдонос
За кнедлите:
* 1 јајце
* 9 кафени лажичиња гриз
* малку сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во литар и пол вода додадете го целиот зеленчук за супа, зрната бибер и кога ќе проврие додадете го месото. Ставете сол, додадете го мелениот бибер и вегетата. Намалете ја температурата и варете на тивок оган час и половина. Потоа супата исцедете ја и вратете ја на огнот. Зеленчукот можете да го исечете на коцки и да го вратите во супата. За кнедлите измешајте го јајцето со гризот и малку сол. Со лажичка вадете од кнедлите и ставајте ги во супата која тивко врие. Врете уште 10 минути додека кнедлите не пораснат. На крајот во готовата супа ставете ги потребните зачини.
