Врвовите на косата постојано се оштетуваат. Тие се оние делови од косата кои најповеќе ги трпат последиците од употребата на различните шампони , топол воздух од фен за коса или пеглањето на косата.
Доколку Вие имате проблем со испукани врвови пробајте ги овие маски за коса кои ќе ви помогнат да го надминете проблемот.
Маска за испукани врвови
Измешајте една жолчка со 2 лажици маслиново масло и 1 лажичка мед. Темелно нанесете ја маската на косата и истријте ја косата. Се препорачува по нанесувањето да ставите туш капа или некоја кеса и така да ја оставите маската да дејствува половина час. Исперете ја косата со неутрален шампон.
Оваа маска можете да ја користите постојано, ефектот е видлив по најмалку 7 третмани.
Специјалена маска
Оваа специјална маска е малку покомлицирана од предходната, но затоа ефектот е уште попозитивен. Не само што ќе им помогнете на врвовите на Вашата коса туку и вашата коса ќе изгледа поздраво и ќе добие сјај.
Измешајте 10 лажици бадемово масло, 10 лажици маслиново масло, 10 лажица рицинус и само една лажица масло од ружа. Маската нанесете ја на косата пред спиење и оставете ја преку ноќта да дејствува. Косата покријте ја со капа за туширање. Следното утро измијте ја косата со неутрален шампон.
Ефектот е неверојатен по само 4 третмани.
