Природната козметика можеби не е моќна како хемиската, но сепак е доволно моќна да го зачува здравјето на кожата па дури и да спречи одредени несакани појави на кожата. Би бидло добро кога би знаеле дека:
Камилицата лечи себореја
Потребно е :
50 гр цветови од камилица
100 мл млеко
15 гр мед
и трици по потреба
Припрема:
Цветовите од камилица прелијте ги со врело млеко. Оставете ги два часа да се изладат. Процедете и додајте го медот и триците додека не добиете смеса која ќе може да ја нанесете на лицето.

Бршлен против капилари
Потребно е:
20 гр бршлем
20 мл вода
15 гр мед
5 мл бадемово масло
пудра за бебиња
Припрема:
Листовите од бршлен сварете ги во вода. Изладете и процедете. Во чајот додадете ги медот и бадемовото масло, а потоа и пудрата за да добиете густа смеса.

Нането ги чисти акните
Потребно е:
15 гр нане
250 мл вода
Направете чај со наведените состојки. Чајот користете го како лосион кој ќе ги смири акните и ќе го забрза процесот на нивно сушење.
