Sweet Home

Дрвените подови се хит во уредувањето на домот

Иако на прв поглед не изгледа така, подовите се исклучително важен дел од секоја просторија која има големо влијание на конечниот изглед. Денеска ќе ви откриеме три главни трендови во изборот на подови за вашиот дом.

Podovi su dugoročna investicija

Плочки, паркет, ламинат, масивен под, рустичен под – изборот е навистина голем, а разликата на цената уште поголема. Изборот станува уште потежок ако се земе во предвид комбинирањето на веќе постоечкиот внатрешен дизајн, буџетот, видот на дрво, бојата, особено ако имаме на ум дека тој под ќе биде наш барем во нарединте десет години, ако не и повеќе.

Отстранување на ламинатот и поставување на дрвен под

Како што се менуваат стиловите во производството на мебел, така се менуваат и стиловите на подот. До пред неколку години еден од најдобрите избори бил ламинатот. Ламинатот е подна облога која се состои од потпорен слој, лепак, декорација и заштитен слој. Неговата популарност се должи пред се на прифатливата цена, и леснотијата на поставувањето. Таканаречениот ламинат на “клик” можете и самите да го поставите и тоа доста брзо. Маната на ламинатот е тоа што површината треба да биде речиси совршено рамна и добро подготвена, доколку немате подно греење може да биде ладен, некои видови отпуштаат фромалдехиди, па кога еднаш ќе ги почувствувате мора да се промени – нема брусење и повторно лакирање. Токму поради тоа се поголем број од луѓето се враќаат на дрвените подови.

Laminat je hladan, ali jeftin

Во денешно време, финансиите се често клучен фактор во уредувањето на просторот за живеење. Масивните дрвени подови, секако не спаѓаат во евтино решение, но ако се гледа од страна на долгорочна инвестиција, квалитетот на цврстото дрво е сигурно одличен избор. Дрвените подови никогаш не излегуваат од мода, тие лесно можат да се обноват, а со правилно одржување може да траат повеќе од 100 години.

Drveni podovi se vraćaju u modu

Видови на дрвени подови

Кога зборуваме за дрвени подови, важно е да се има на ум дека тие не се сите исти. Еден од нив е паркетот – поставување на дрвени плочки во различни форми, кои потоа можат да се обработат како што сакате.

Svaka vrsta poda ima svoje prednosti i mane

Главната цел на паркетот е да обезбеди долгорочна, безбедна и удобна површина по која луѓето ќе можат да одат. Паркетот дури покажал дека може да биде потраен и од камениот под, бидејќи може лесно да се обнови.

Seljački podovi doživljavaju povratak

Што со плочките?

Исто како и дрвените подови го пронаоѓаат својот пат до бањата, плочките често може да се видат и во дневната соба. Тоа е особено честа појава во внатрепноста, каде што дневната соба и кујната се споени. Со одржување на континуитетот на подната површина се создава впечаток на една целина, а целиот простор делува складно.

Pločice većih dimenzija ponekad zamjenjuju tradicionalne obloge

Една од предностите на плочките е нивната издржливост и лесното одржување. Плочките овозможуваат безброј комбинации на бои и дезени што може да биде стапицс, затоа секогаш треба да се гледа големата слика. Плочките изгледаат поинаку во рака и на голема површина. Затоа, најпопуларни се плочките со големи димензии, сечени со ласер кои се поставуваат без фуга. Ова создава рамна површина која визуелно го проширува просторот.

Најголема мана на овие подови, како и на ламинатот е тоа што се студени, но тоа може да се избегне со подно греење.

Slaganje u razne oblike pločice čini zanimljivim odabirom

Напиши коментар