Дестинации

Духовите на замокот Brissac!

Многу одамна, дворецот бил во сопственост на Жак. Тој бил мноку успешен и среќен човек, кој живеел со својата сопруга Шарлот. Неговата сопруга Шарлот имала љубовник, што по извесно време било многу очигледно. Бесниот сопруг тоа неможел да го поднеси. По извесно време Шарлот и нејзиниот љубовник едноставно исчезнале. Се претпотавува дека биле убиени од Жак, а нивните духовите останале во замокот за да можат да го прогонуваат Жак, кој на крајот се иселил.

Посетителите на замокот  Brissac тврдат дека навечер можат да се слушнат љубовните звуци  на љубовниците. Многу од нив велат дека во замокот владее многу романтична атмосфера.

Овај замок, кој се смета за највисок во Франција, со години не е населен поради страв од приказните за духовите кои се поврзани со него. Денес тој е посетен од страна на многу туристи кои љубопитно ги истражуваат неговите ходници и безброј соби, барајќи ги духовите. Многумина тврдат дека по посетата на овај замок, нивниот живот се проширил со нови верувања, односно има луѓе кои започнале да веруваат во духови.

Напиши коментар