Ако имате џемпер за кој мислите дека му треба освежување, еве два едноставни и интересни начини со кои ќе добиете сосема нов џемпер.
Џемпер со панделка
За да го направите овој џемпер ќе ви треба една сатенска лента, конец и игла.
Доколку џемперот не е со отворен заден дел, најпрво направете отвор. Одберете сатенска лента која ке биде иста боја како џемперот или пак боја која ќе одговара на него. Лентата поделете ја на два дела и секој дел сошијте го на страните на отворот од внатрешната страна.


Крајниот резултат треба да изгледа вака:

Џемпер со срце
За да го направите овој џемпер потребно ви е: џемпер, парче хартија со големина по ваша желба и форма на срце, ткаенина во било која боја, ножици, конец и игла.
За да бидете сигурни дека ви се допаѓа големината на срцето кое ќе го ставете на џемперот пробајте прво со парче хартија. Доколку ви се допаѓа, исечете ја истата големина на срце од ткаенината. Откако ќе ја наместите ткаенината сошијте ја.

Крајниот резултат би требало да изгледа вака:

