Prison brake

Дванаесет-годишно момче со опашка: Го сметаат за Бог и му се поклонуваат

Дванаесет-годишниот индиец има опашка која е последица на медицинско пореметување, но неговите сонародници сметаат дека е тој божество и дека е реинкарнација на хиндуистичкиот бог на мајмуните Хунумана.

Момчето од Индија, Аршид Али Кан (12) неговите сонародници го сметаат за божество бидејќи на долниот дел од телото има израсната опашка. Голем број на луѓе доаѓаат во неговиот “храм”, каде момчето живее со своите баба и дедо, за да му се поклонат.

Тие веруваат дека момчето е реинкарнација од хиндуистичкиот бог на мајмуните Хунумана. Во замена за благослов, тие често му оставаат пари на момчето.

–          Ја сакам својата опашка. Таа е дар од Бога. Изгледа необично, но луѓето ме почитуваат поради тоа. Се чувствувам посебно – вели момчето.

Меѓутоа, од друга страна, лекарите велат дека не станува збор за никаква реинкарнација, туку дека момчето има вродено пореметување. Неговите пршлени не се правилно формирани, а опашката е деформација. Исто така заради нарушувања на ‘рбетот, момчето има неразвиени долни екстремитети. Лекарите предупредуваат дека доколку на момчето не му се отстрани опашката, неговата здравствена состојба може да се влоши.

djecak-sa-repom-2

djecak-sa-repom

Write A Comment