Ви претставуваме две исклучително достапни и речиси волшебни маски за коса.
Тие се погодни првенствено за обоена коса, бидејќи и придаваат моментален сјај на бојата и виталност на косата.
Бадемово масло и банана
Оваа маска длабоко ќе ја потхрани вашата коса . Во чинија згмечете неколку меки банани (количината е прилагодена на должината на косата) и додадете лажичка бадемово масло. Нанесете ја смесата по должината на косата и оставете да делува 20-30 минути. Измијте со вода (во никој случај не жешка) и малку шампон.
Авокадо и банана
Со помош на оваа маска ќе го вратите сјајот и бојата на косата. Згмечете едно авокадо со средна големина, додадете лажица маслиново масло и уште толку кисело млеко. Добро измешајте и нанесете на косата. Масирајте го скалпот во текот на неколку минути, а потоа покријте ја коста со крпа или капа за бања и оставете маската да делува половина час. Измијте со млака вода и малку шампон.

