Проблемите никако не го заобиколуваат Џастин Бибер. Тој повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми откако беше обвинет за напад на шофер на лимузина, кој наводно се случил минатиот месец. По истрагата тужителите заклучике дека постојат доволно елементи Бибер да биде овинет и соочен со казна затвор поради насилно однесување, и затоа против него е поднесена формално обвинение. Како што е наведено во полициското соопштение, пеачот на 30. декември нападнал шофер на лимузина.
“Во текот на возењето дошло до караница помеѓу шоферот и еден од патниците, а патникот во таа прилика го удрил шоферот во задниот дел од главата неколку пати. Шоферот го застанал возилот, излегол од него и повикал полиција. Човекот кој го удрил побегнал пред да дојде полицијата.”, пишува во официјалниот извештај. По довиеното обвинение, Џастин Бибер синоќа се предал на полицијата во Торонто, а таму го дочекале папараците и неговите бројни фанови, за да му пружат поддршка. Откатко дал изјава, Бибер е пуштен, а почетокот на судењето е закажано за 10. март.