Странските медиуми не престанаа да пишуваат за тоа дека бракот на Џенет Џексон е во криза. Иако таа и Wissam AL Mana се во брак само една година, наводно Џенет размислува да го напушти.
Блиски извори тврадт дека Џенет е подготвена да го напушти својот сопруг, како и тоа дека нивниот дом во Њујорк го дала под кирија. Изворот тврди и дека повеќе не го носи венчалниот прстен и дека бара утеха во своите пријатели.
“Џенет е спремна да се разведе. Свати дека направи огромна грешка, бидејќи се омажи за него. Џенет се откажа и од својата кариера, со цел да биде послушна жена, заради него премина и во ислам, а тој за неа не жртвуваше ништо”, вели изворот.
“Тој постојано патува и работи, а таа се чувствува како затвореник. Wissam не сака таа да работи ниту пак да се појавува во јавноста.
Wissam барал од Џенет да потпише предбрачен договор, таа барала 500 милиони долари ако се разведат за помалку од две години, но Wissam изјавил дека нема да и плати ништо освен ако бракот не трае најмалку пет години.
