← НАЗАД НА БОЗА

Џенифер Лопез: Разводот ми го промени мислењето за љубовта

Џенифер Лопез: Разводот ми го промени мислењето за љубовта
636 Читања

Џеј Ло открива дека сите фази од нејзиниот љубовен живот се одразиле на нејзината музика…

Познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез изгледа подобро од било кога, а како што вели таа, така и се чувствува. Во моментот го снима својот десети студиски албум, кој сеуште нема име, а би требало да биде објавен во јуни.

– Љубовта е моја тема. Секогаш била. Но, она што го мислев за љубовта кога ги снимав претходните девет албуми се разликува од она што го мислам сега по се што поминав, изјавила познатата Џеј Ло.

Пејачката секогаш била искрена за своите љубовни бродоломи, а сите фази во нејзиниот љубовен живот се одразиле во нејзините песни. На новиот, десети албум, работи повеќе од една година и одлучила да биде целосно искрена.

-Се разведов. Многу работи се случија. Навистина се чувствував дека тоа е пресвртна точка во мојот живот. Тоа што го сфатив е тоа дека секогаш морам да бидам јас. Ако со нешто пристапам креативно, морам да бидамсвоја, изјавила славната Џнифер и додала дека е истата девојка која отсекогаш била, а дека со текот на времето само пораснала и стекнала повеќе искуство.

Потсетуваме, Џенифер од Марк Ентони, со кој има близнаци Макс и Еми, се разведе во 2011 година, а сега е во врска со 26-годишниот танчер Каспер Смарт.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk