ШоуБиз

Џони Деп со веренички прстен од 100.000 долари

Џони Деп, одлучен во својата намера да се ожени со својата девојка Амбер Херд, купил петкаратен веренички прстен вреден дури 100.000 долари. Амбер била забележана минатиот викенд со вакво парче накит, на јавен хуманитарен настап.

“Ова ми изгледа како петкаратен прстен. Се работи за бел овален дијамант од околу пет карати, а неговата цена е помеѓу 78.000 и 100.000 долари”, објаснил златарот Зејвен Ганимиан. Според медиумот EOnline.com, Амбер е таа која ги држи конците во врската.

“Таа диктира кога може да се појават во јавност. Двојно е помлада од Џони и затоа тој прави сè за да остане со неа. Џони дефинитивно е смирен откако е со неа. Се однесува позрело и шармантно.”

Write A Comment