Доколку сакате да ги стопите килограмите, а вашиот организам да се ослободи од отровите идеално решение е лимон диетата.
Забрзаното темпо на живот но и брзата инстант храна, која е автоматски нездрава, често е единствениот избор кој остава траги на кожатра, косата, но и вагата. И покрај тоа што жените понекогаш посетуваат козметичар, фризер, маникир, забораваат да и се посветат на здравата исхрана, и што е најважно на детоксикацијата на организмот!
Затоа, диетата со лимон, во светот позната и како “Master Cleanse Diet”, е совршен начин да го опоравите својот организам. Лимон диетата е едноставен, брз и достапен начин за чистење на организмот од токсини, а со самото тоа го враќа и потребниот елан на телото. Акцентот во целата диета е на одличниот сок од лимон кој на вашиот организам ќе му го врати стариот “сјај”!
Состјки за волшебниот пијалок од лимон и пример на исхрана
Потребно за сокот од лимон: 2 лажичиња свежо исцеден сок од лимон, 2 лажичиња мед, 1/10 лажиче истолчена лута пиперка, ½ чаши вода.
Покрај овој пијалок, секако морате да внимавате и на исхраната. Пример на исхрана за еден ден:
Појадок: Една чинија овесни снегулки без шеќер, чаша вода со лимон
Ручек: Домашна супа и една порција варено пилешко, чаша вода со лимон
Ужина: Чинија овошје, чаша вода со лимон
Вечера: Порција пилешко на скара или риба, чаша вода со лимон.