Тајната на здраво срце и мозок лежи во едноставниот сос од домати, лук, црвен кромид, маслиново масло и пченкарно брашно кое може да ја спречи појавата на срцеви напади и удари.
Медитеранската тајна на долговечноста и здрава циркулација се базира на едноставниот сос од домати, сметаат научниците.
Шпанските истражувачи откриле дека популарната комбинација позната како sofrito сос содржи дури 40 видови на антиоксиданси познати како полифеноли, кои го штитат срцето од оксидативниот стрес.
За да чувстувате поголеми здравствени придобивки од овии намирници потребно е да ги јадете заедно, во сос, а не индивидуално.
Полифенолите се природни оксидативни молекули кои се наоѓаат во различни растенија и нивните плодови.
Научниците од Универзитетот во Баселона тестирале различни сосови и заклучиле дека комбинацијата позната како sufrito сос, односно мешавината од домати, лук, црвен кромид, маслиново масло и пченкарно брашно е најефективна.